Saint Clement of Ohrid

Saint Clement of Ohrid

Church Donations

Paypal_button1

GOLEMO POVECERIE I LITURGIJA NA PRETHODNOOSVETENI DAROVI PDF Print E-mail
Thursday, March 31 2011 00:00

Во деновите 29-ти и 30-ти март 2011 година традиционално во време на Велигденскиот пост, а со благослов на надлежниот епархиски архиереј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Американско-канадски Господин Методиј се отслужија следниве великопосни богослужби:

Вторник, 29 март - Големо Повечерие и
Среда, 30 март - Утрена Богослужба, Часовите (1ви, 3ти, 6ти и 9ти), Изобразителна и Литургија на Претходноосветените дарови.
Со Богослужбите духовно раководеше архиерејскиот заменик на АКМПЕ и архиерејски намесник за средно-западното американско архиерејско намесништво протоереј-ставрофор Томе Стаматов во сослужение на парохискиот свештеник протоереј Васил Манасиев и следниве браќа сослужители - парохиски свештеници од сестринските македонски православни цркви во намесништвото: протоереј-ставрофор Душко Ѓорѓиевски од Колумбос, Охајо, протоереј Зоран Здравев од Кентон, Охајо, и свештеник Рубинчо Ацески од Чикаго, Илиноис.
После светите богослужби женската секција при црквата имаше приготвено посна трпеза на љубовта.

Last Updated on Monday, April 18 2011 19:46