Saint Clement of Ohrid

Saint Clement of Ohrid

Church Donations

Paypal_button1

THEOPHANY PDF Print E-mail
Tuesday, February 08 2011 01:06

На голема радост драги парохијани, драги читатели, денескa во 35тата недела после Педесетница, го прославивме и го одбележавме големиот христијански и Господски празник БОГОЈАВЛЕНИЕ - ВОДИЦИ.

Пазникот кој падна преку седмицате во среда на 19 јануари, го поместивме за денес - недела, 23 јануари од причини што скоро сите парохијани имаат работни обврски и сите деца се на училиште. Денеска се собравме во голем број да се помолиме на Бога и да Му благодариме за се што ни дарува за време на овој земски живот, а посебно да го одбележиме празникот Просветување, односно денот кога нашиот Господ и Бог и Спасител Исус Христос беше крстен во реката Јордан од свети Јован Крстител. По тој повод денеска беше извршен Богојавленскиот водосвет (беше осветена вода) и беше фрлен крстот. Неколкуте кандидати (дечиња) во исчекување трепереа кога парохискиот свештеник отец Васил Манасиев ќе го спушти крстот во големиот бакарен сад. Спремни во секој момент, со голема радост во душата и осмев на лицата, (најсреќен по втор пат едно по друго 2010 и 2011 година) крстот го фати Христијан Стојкоски, син на Горан и Ненси од Медајна, Охајо. Честито да му биде и од Бога благословено со многу успех во учењето и напредок во животот. После таа свченост, сите луѓе пристапија да земат осветена вода и да си понесат во своите домови. Но, тука мораме да споменеме и за нашите парохијани Љупчо и Ники Петрови кои принесоа бескрвна жртва на Бога за здравје на нивниот син Јордан Петров и воедно упатија голема благодарност кон Бога за се што ги дарува на овој земски видлив свет. Честито да му биде името на Јордан, а на родителите да им биде здрав и жив синот и ќерката Анастасија и со нови успеси во новото 2011 лето Господово.
После молитвените свечености, празнувањето продолжи во големата црковна сала со дружење и разговори околу празникот Богојавление, а некои од парохијанките имаа подготвено и донесено од дома разни видови на храна (благи).
Неделното црковно училиште кое работи под раководство на почитуваната учителка Виолета Ленос, секоја недела постигнува видни резултати како по предметот македонски јазик, исто така и по предметот веронаука, а со доаѓањето во црква некаде кон крајот на светата литургија уште повеќе ја збогатија самата молитва, бидејќи децата се најголемото богатство на овој свет и иднината на нашата светиклиментова македонска православна црква.
На сите нека ни биде честит празникот и од Бога благословен и во иднина со поголеми успеси на духовен, национален и културен план. За многу години.

Last Updated on Saturday, April 16 2011 20:07